Огромен пад на увозот и извозот во последните седум месеци во Хрватска


Вредноста на извозот на хрватската стока изнесува 61,5 милијарди куни од јануари до крајот на јули, што е за 7,7 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, додека увозот падна за 11,9 проценти на 98,3 милијарди куни, според прелиминарните податоци.

Изразено во евра, хрватскиот извоз изнесуваше 8,2 милијарди евра за седум месеци, што претставува годишен пад од девет проценти, додека увозот паднал за 13,2 проценти, на нешто повеќе од 13 милијарди евра, пренесува Seebiz.

Надворешно-трговскиот дефицит изнесуваше 4,9 милијарди евра.

Во набудуваниот период, стоки во вредност од 5,7 милијарди евра биле извезени во земјите-членки на ЕУ, односно 6,3 проценти помалку отколку во споредливиот период една година претходно. Во исто време, извозот во земји кои не се членки на ЕУ падна за 14,8 проценти, на 2,5 милијарди евра.

Вредноста на увезената стока од земјите-членки на ЕУ во текот на седум месеци од годинава во споредба со истиот период минатата година падна за 13,8 проценти на 10,5 милијарди евра, додека вредноста на увозот во Хрватска од земји што не се членки на ЕУ падна за 10,8 проценти, до 2,6 милијарди евра.


Видете следно

Ребалансот на Буџетот пред финално усвојување, со него почнува четвртиот пакет мерки

Во Собранието заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот и од понеделник се очекува тој …