Охриѓани направиле апликација за игра за Windows 8


Тројца програмери од Охрид станаа дел од семејството на Мајкрософт. Апликацијата за игра, со која победија на натпреварот на Мајкрософт во земјава од интернет ќе можат да ја симнат сите корисници на најновиот оперативен систем Windows 8. Ертај Шашко, Рахим Испламоски и Абдула Алиоски гледаат огромен потенцијал за пласирање на веќе направените апликации.

Тројцата програмери се надеваат на голема заработка од продажбата на двете апликации кои ги имаат направено досега. Првата ја понудиле бесплатно, но втората, онаа за Windows 8 ќе биде достапна до крајот на месецов.


Шашко, Исламоски и Алиоски се уште се студенти, но планираат по завршувањето на студиите да почнат свој бизнис за развој на апликации. Најмногу размислуваат за можноста да станат дел од бизнис инкубатор во кој ќе ги имаат сите поволности при старт на свој бизнис.

Новиот оперативен систем на Мајкрософт, Windows 8 ќе биде достапен на повеќе од 140 пазари и адаптиран на 37 јазици, меѓу кои и на македонски. Познавачите велат дека ќе биде многу потешко да се направат нелегални копии од него, отколку на неговиот претходник Windows 7. За два и пол месеци, Мајкрософт продал над 60 милиони лиценци од оперативниот систем.


Извор: алфа.мк


Видете следно

Учениците на продолжен распуст, УНИЦЕФ повика затворањето на училиштата да биде привремена мерка

Околу 255 илјади ученици наместо утре, во училишните клупи ќе се вратат на 1 февруари …