Околу 1000 жени, девојки, активистки и активисти се собраа денеска на вториот „Марш за правата на жените”


„Славењето на успешните жени на лидерски позиции кои се исклучоци, без ниту едно прашање за социјалната историја на можностите за успех, идеолошките импликации на успехот, и конечно ревиктимизацијата и бришењето на секојдневните борби и светови на „неуспешните“ жени, само го потврдуваат правилото: само 33,8% од работоспособните жени се вработени. Иако се пообразовани најчесто се на подредени позиции. Мнозинство жени во земјава сè уште работат на најлошо платените места во текстилната, чевларската и кожарската индустрија, како касиерки во маркети, како чистачки без никакво осигурување, безбедност и заштита на женските работнички права.“ – се вели во прогласот.

Активистките го осудија и насилството врз жените, кое во нашето општество се толерира, поттикнува и прикрива, а ако излезе на виделина, неадекватно се осудува и казнува.

За крај, тие побараа родово сензитивни политики повикувајќи на солидарност кон сите жени, и потсетувајќи дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на демократско и еднакво општество.

Маршот организиран од активистките за женски права и Платформата за родова еднаквост,  започна во Жена Парк, а продолжи преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, завршувајќи пред фонтаната на плоштадот Филип Втори.


Видете следно

Силјановска победи во Скопје, а Пендаровски подобар во општините Сарај, Чаир Шуто Оризари, Карпош …

Во првиот круг на претседателски избори во град Скопје победи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. …