Околу 80 отсто од земјоделците во делчевско-каменичкиот регион досега поднеле барања за субвенции


Делчево, 29 јули 2020 (МИА) – Досега околу 80 проценти од земјоделците од делчевско-каменичкиот регион пред истекот на рокот поднеле барање за користење субвенции. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, очекуваат до 31 јули 2020, до кога ќе бидат примени барањата, апликации да поднесат и останатите земјоделци.
-Најголем дел од земјоделците ја завршија својата обврска за поднесување субвенции која истекува на 31 јули 2020 година. Со цел излегување во пресрет на земјоделците изминатиот викенд работевме и сабота и недела, а очекуваме до истекот на рокот, целосно да биде завршен процесот на поднесување апликации за користење субвенции, истакнаа од МЗШВ Делчево.
Оттаму апелираа до оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, да се обратат во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од каде им стојат на располагање за се што ги интересира во врска со поднесувањето на барањата.
Во делчевскиот и каменичкиот регион има 3500 регистри од кои 3200 се активни.

Видете следно

Колку нови случаи денеска се регистрирани кај нас?!

Ве молиме земете го предвид ова известување со корекција кај бројот на оздравени лица, точниот …