Оланд и новите даноци на богаташите


Со нови заштеди и повисоки даноци за богаташите Франсоа Оланд планира да се бори против кризата во Франција, пренесуваат од DW. Експертите, сепак, се критички настроени. Програмата е амбициозна – наредната година Франсоа Оланд сака да заштеди 38 милијарди евра.

Според планот државните трошоци ќе бидат намалени за 10 милијарди, социјалните трошоци и државните инвестиции, исто така ќе претрпат намалување. Освен тоа Оланд планира да ги зголеми даноците за богатите, како и да залости оние дупки во законот, кои овозможуваат заштеда на даноци.

Со овие две мерки би можеле да се заштедат уште 10 милијарди евра. Францускиот премиер Жан-Марк Ајро за возврат ветува дека уште во следната година новите државни обврски ќе паднат под Мастрихтската граница од 3%.

Всушност новата француска програма за штедење ги извршува само минималните барања на пактот за Европската стабилизација.

Експертите сепак ја поздравуваат волјата на Владата да го консолидираат државниот буџет, но во исто време посочуваат дека сметаат дека погрешно е големите претпријатија да бидат оданочувани со повисоки даноци.

На овој начин Франција само ќе ја изгуби својата конкурентност. Одлуката за воведување на 75-процентен данок на приход над 1 милион евра влијае главно на менаџерите на големите компании. Некои економисти сметаат дека на тој начин претседателот ќе го намали економскиот раст, а резултатот од тоа несомнено ќе биде тешко намалување на долговите.

Инаку во вториот квартал на 2012-та во Франција не се постигнува речиси никаков раст. Во исто време невработеноста во земјата продолжува да се зголемува. Во месец август на пример во Франција се регистрирани над 3 милиони невработени. Толку многу колку што немало во последните 20 години, пренесуваат од феда.


Видете следно

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА СКОПСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2019 ГОДИНА

Градоначалникот Петре Шилегов заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и со градоначалниците од …