Онлајн дебата #ВозможноЕ на тема „Предизвиците и добрите практики за справување со климатските ризици”


Олајн дебата #ВозможноЕ ќе се одржи денеска во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени. Тема на дискусијата е предизвиците и добрите практики за справување со климатски екстреми и ризици.

Целта е преку дискусија на претставници на различни општествени чинители да се истакне итноста за справување со климатските промени и за поставување на реални мерки за справување со временските екстремни појави предизвикани од климатските промени.


На дебатата ќе учествуваат претставникот на УНДП Аги Верес, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, Анита Коџоман, координатор на програмата за животна средина и управување со ризици и кризи во УНДП, како и претставници од Националната федерација на фармери, Институтот за земјоделие, Управата за хидро-метеоролошки работи, приватниот сектор, невладини организации и медиуми.

Онлајн настанот ќе биде поделен во три сесии, во кои на крајот, претставници од невладините организации, медиумите и граѓаните на говорниците ќе им постават прашања, поврзани со темите кои ќе бидат дебатирани.

Претходно, во рамките на #ВозможноЕ веќе се одржаа две панел дискусии, едната на тема „Националните придонеси за климатските промени во фокусот – #ВозможноЕ да се постигне глобалната цел за климатски промени од 1,5 степени со амбициозна #КлиматскаАкцијаСега” која се одржа на 21 април и втората на 2 април на тема „Зелено закрепнување. свс/ев/

Скопје, 5 мај 2021 (МИА)


Видете следно

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под …