ООУ „Лазо Ангеловски“ партнер во два проекта на Еразмус+


ООУ „Лазо Ангеловски“ ќе биде партнер во два проекта на Еразмус+ во периодот од 2019 до 2021 година.

Првиот проект Еразмус+ КА229 е насловен „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“, во кој координатор е училиште од хрватскиот град Ореховец, а партнери во овој проект, покрај ОУ „Лазо Ангеловски“, се и училишта од романскиот град Александрија, српскиот град Чичевац, како и од Сијудад Реал, Шпанија.

Главната цел на овој проект е развивање на медиумската писменост на учениците и наставниците на продуктивен начин преку објавување дигитален училиштен весник и креирање работилници за медиумска писменост.

Вториот проект Еразмус+ КА229 е под наслов „Креативни читатели“ чиј координатор е училиште од Липовљани, Хрватска, а партнери се училишта од Опава, Чешка, од Грција  како и од Салдус, Латвија.

Главна цел на овој проект е развивање на писменоста и поттикнување на учениците да читаат активно и критички со цел развивање на клучните компетенции и развивање на социјалната вклученост и зголемување на мотивацијата за читање.


Видете следно

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот …