Opel продолжува со развојниот план и има нов бизнис модел во Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија


Opel продолжува да ја развива својата бизнис стратегија на одредени пазари во Европа, објавувајќи го новиот важен соработник за Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија. Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија Еуроимпекс како почитуван локален независен увозник и соработник. Основана во 1990 како мала компанија со тројца вработени, за трите децении на своето постоење Еуроимпекс оствари сериозно голем развој во последните три декади каде покрај Peugeot го превзема работењето и на Opel..

Договорот е веќа потпишан. Со завршниот дел од оваа трансакција, Еуроимпекс станува генерален увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Сите вработени лица во канцеларијата на Opel одговорни за овие пазари, согласно законите ќе бидат превземени од компанијата најдоцна на денот на завршување на трансакцијата.Оваа трансакција и лансирањето на новиот бизнис модел, ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните инситуции за заштита на конкуренцијата.

„Ова е уште една одлука во согласност со нашиот PACE! стратегиски план што ќе придонесе нашите продажни планови во земјите, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни,“ изјави г-динот Хавиер Дукемин, Извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall. „Длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“

Компанијата Еуроимпекс ја започна соработката со Peugeot брендот во 1992 година, и стана увозник за овој бренд во 1994 година. Еуроимпекс е увозник за Peugeot за сите 5 пазари на Балканот веќе пет години. Од почетокот на оваа соработка, повеќе од 20.000 возила на Peugeot се продадени.

Opel продал околу 2.500 возила во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија во 2019 година и предвидува раст на брендот во годините кои следат.


Видете следно

Американската влада го тужи Гугл за наводни анти-конкурентни злоупотреби во пребарувачот

Министерството за правда на САД и 11 држави покренаа антимонополска тужба против Гугл за кршење …