Opel се фокусира на рели со ADAM и следната Corsa


Opel останува лојален на својата долга и успешна историја во мотоспорт. Германската марка повторно ќе се натпреварува на националните и меѓународните рели трки во текот на следната сезона.

Во 2019 година, Opel Motorsport има за цел да ја освои својата петта последователна титула на Европскиот јуниорски шампионат за рели за возачи до 27-годишна возраст, кој сега е официјално преименуван во FIA ERC3 Јуниорското првенство. Еден од 190-те автомобили ADAM R2 вклучени од технолошкиот партнер на Opel, Holzer Motorsport, ќе биде управуван од Швеѓанецот Елиас Лундберг (20), кој го обезбеди местото во ADAC Opel Rallye Junior Team, освојувајќи го минатогодишниот ADAC Opel Rallye Cup. Вториот автомобил ќе биде управуван од Грегор Мунстер од Луксембург (20), кој заврши на второ место зад Лундберг на минатогодишниот рели Куп победувајќи трипати.

Со 130 учесници од 18 земји, најуспешниот европски бренд им нуди професионална платформа на млади возачи од 2013 година, со што 8 млади таленти беа вклучени во ADAC Opel Rally Junior Team.

„Ние правиме автомобили 120 години, а мотоспортот отсекогаш го формирал имиџот на Opel – така треба и да остане“, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер. „Двата аспекти се особено важни за нас – фасцинацијата од технологијата и пристапноста за навивачите и клиентите. Промоцијата на млади возачи е исто така високо на нашата агенда. Комбинацијата со долготрајната структура на PSA Motorsport отвора големи дополнителни можности за нас”.

За 2021, Opel ќе развие автомобил R2 базиран на следната Corsa за натпреварување во Европското првенство, како и за меѓународни спортски клиенти. Техничките детали на Corsa R2 треба да станат достапни за приватните тимови на крајот на 2020 година, и ќе бидат објавени подоцна. Шестата генерација на најпродаванит модел на Corsa, која оваа година ќе излезе на пазарот, ќе ја формира основата на рели автомобилот.

Opel ќе продолжи да го поддржува ADAC Rallye Cup во 2019 година со купе-верзија на ADAM со 140 КС и со привлечна понуда на пакет за резервни делови за следната сезона за победникот. Opel исто така ќе им понуди на сите учесници во Купот техничка и логистичка услуга на самото место, плус стартер-пакет за новите учесници.


Видете следно

Обединета Европа на 19. Моден Викенд Скопје

Шоурум со ексклузивни парчиња од дваесет и осум претставници на седумнаесет различни земји, гостување со …