Општина Аеродром доделува по 3.500 денари за секое прваче


Општина Аеродром за првпат оваа година доделува по 3.500 денари за секој првоодделенец. За оваа цел, општината има издвоено 2.800.000 денари од сопствениот Буџет.

„Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете“ – изјави градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.

Од денеска родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош најдоцна до 31.08.2018 година.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот (http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari).

Во прилог на барањето потребно е да се достават следните документи, кои треба да се оригинал, на увид, а не копија:

  1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2018/2019 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром
  2. Оригинал извод од матичната книга на венчаните (за родителите/старателите на првачето) на увид
  3. Оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид
  4. Важечки лични карти од двајцата родители, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром на увид
  5. Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид                                                                                             

Барањата можат да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена околу почетокот на учебната година.

Видете следно

Министерот Спасовски на меѓународна министерска конференција “Високотехнолошки криминал и информатичка безбедност“ во Белград

“Нема сомнеж дека во последните неколку години, сајбер заканите се меѓу најзначајните безбедносни закани врз …