Фото: Википедија

Општина Богданци ќе постави над 700 сообраќајни знаци на својата територија


Заради поголема безбедност на пешаците и останатите учесници во сообраќајот, Општина Богданци денеска најави дека до крајот на годината ќе бидат поставени повеќе од 700 сообраќајни знаци, патокази и гумени лежечки сообраќајци во рамки на проектот „Безбеден граѓанин-Среќен граѓанин” што беше одбран како приоритетен за реализација од страна на граѓаните.

Според договорот со изведувачот, скопската фирма „Бојта инг” на територијата на општината ќе се постават околу 500 знаци за опасност, известување, обврска и забрана, 130 патоказни табли, а на девет места ќе бидат поставени гумени „лежечки сообраќајци”, како и дополнителни 85 сообраќајни табли.

-Покрај ова, договорот предвидува нивелирање на пешачки премини, поставување на браници кои ќе попречуваат директно претрчување на улиците од страна на деца, како и бетонски тактилни плочи за водење, насочување и предупредување на слепи лица, велат од општината.

За реализација на проектот ќе бидат потрошени повеќе од 40.000 евра кои се обезбедени од УНДП преку Шведската агенција за развој и соработка. им/вј/

Гевгелија, 25 ноември 2020 (МИА) 


Видете следно

Министерката Шахпаска учествуваше на Подготвителниот состанок за нацрт Програмата на економски реформи 2021 – 2023

„Министерството за труд и социјална политика во областа на пазарот на трудот во изминатите години …