Општина Бутел отвори јавен повик за субвенции на велосипеди и електрични тротинети


Општина Бутел од денеска отвори јавен повик за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети.

Од општината очекуваат голема заинтересираност од жителите, а секој купен велосипед го субвенционираат со 50 проценти од вкупниот износ на новокупениот велосипед или максимум 3.000 денари од цената.

Доколку жителите на Бутел се одлучат да купат електричен тротинет, општината ќе субвенционира 3.000 денари од цената на тротинетот.
Сите заинтересирани жители на Општина Бутел, јавниот повик можат да го најдат на официјалната веб страна на општината или на Огласната табла во општината.

Секој кој сака да аплицира треба да ги достави своите документи до архивата на општината, секој работен ден од 08:00 часот до 16:30 часот. Во овој јавен повик ќе важи правилото „прв дојде, прв услужен”, соопштуваат од општината.

Со овој потег се поттикнуваат жителите активно да користат велосипеди и електрични тротинети, со што ќе придонесат во намалување на загаденоста на воздухот, а со тоа ќе придонесат и во заштита на животната средина. ки/ац/

Скопје, 24 септември 2020 (МИА)


Видете следно

Организирање на отстранување на отпадот е клучно за земјата

Во Македонија годишно се создаваат над 800.000 тони мешан отпад од кој на комунален отпад …