Breaking News

Општина Делчево лани издвоила 6,3 милиони денари за реализација на програмата за социјална заштита


Општина Делчево минатата година издвоила 6,3 милиони денари за реализација на програмата за социјална заштита.


Според извештајот на реализација на оваа програмата, Сузана Петровска од Општина Делчево, истакна дека најголем дел од средствата се искористени за реализација на повеќе мерки, проекти и активности во насока на зголемена поддршка на повеќе категории граѓани.


-Меѓу поважните ќе ги напоменеме паричната помош и обезбедување посебни мерки и услуги за социјална превенција и заштита за одредени категории лица и хуманитарни пакети, општинско-корисна работа и јавни дејности, детска заштита и стимулативни мерки за ученици и студенти, трансфери до НВО и спортски здруженија, рече Петровска обраложувајки ја Програмата за социјална заштита на последната Седница на делчевскиот Совет.

Како дел од стимулативните мерки за учениците, како што додаде Советникот за образование Ванчо Новоселски зголемен е бројот на средношколски стипендии за учебната 2022/23 година во Делчево.
-Се зголемува бројот на ученички стипендии за одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето, од предвидените 8 на 11 стипендии. Ова се предвидува во усвоените Измени на Одлуката за доделување ученички стипендии од втората категорија, на предлог на Комисијата и со образложение дека на листата апликанти 4 ученици имаат исти бодови согласно со критериумите, информираше Ванчо Новоселски кој исто така побара поддршка за оваа одлука од Советот на Општина Делчево.


Оваа одлуката како што додаде ќе важи само за тековната учебна година, а стапува на сила веднаш по нејзиното усвојување. вс/

МИА