Општина Дојран за прв пат од своето постоење обезбеди комплетно ново амбулантно возило


Општина Дојран за прв пат од своето постоење обезбеди комплетно ново амбулантно возило. Возилото за брза помош ќе биде постојано достапно и на располагање за жителите од Општина Дојран кои имаат потреба од брза интервенција, информираше градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.

„Со оваа набавка дополнително се зајакнуваат капацитетите за транспорт на пациенти и се овозможува побрз и полесен пристап на пациентите до потребните здравствени услуги, особено што станува збор за пациенти во животозагрозувачка состојба, кога брзата реакција е од витално значење.Амбулантното возило исто така ќе биде од голема помош во месеците кога Општина Дојран има зголемен број на туристи и посетители.
Во случај на итни здравствени интервенции жителите на општината, но и туристите ќе имаат брз, сигурен и безбеден здравствен транспорт.“, вели Ангов.
Тој изрази благодарност до транспортната фирма Руски транс за донацијата:
„Изразувам особена благодарност до транспортната фирма Руски транс за донацијата и секако им се заблагодарам на министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и директорот на ЈЗУ здравствен дом со проширена дејност Гевгелија, г-дин Митко Крџев за нивното присуство на примопредавањето на амбулантното возило. Новото амбулантно возило е со целосна високостандардна медицинска опрема“.



Видете следно

Граѓаните во Скопје спасија над 111 милиони денари од уништување

Кога сте добро организирани, 24 часа е доволно време да патувате на другата страна на …