Општина Гевгелија ги селектираше кандидатите за општинска корисна работа


Гевгелија, 15 септември 2020 (МИА) – Општина Гевгелија ги ангажираше неколкуте кандидати кои во период од шест до осум месеци ќе извршуваат активности од програмата за општинско корисна работа со кои годинава општината е дел од проектот „Можности за сите”.

– Во наведениот период селектираните лица ќе бидат ангажирани како негуватели на стари и изнемоштени лица, како и на лица со попреченост, а едно лице ќе биде образовен асистент на ученик со посебни потреби, велат од општината.

Работниот ангажман на негувателите ќе трае шест месеци, а на образовниот асистент осум месеци за кое време ќе добиваат месечен паричен надоместок од по девет илјади денари.

Кандидатите посетуваат обука за нега на стари и изнемоштени лица и со ангажманот во проектот нема да го загубат статусот на невработени лица со тоа што ќе имаат обврска редовно да се јавуваат во подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во Гевгелија.


Видете следно

Викендов се одржува традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2020″

Ресен, 27 септември 2020 (МИА) – Во Ресен викендов се одржува традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер …