Општина Гевгелија обезбеди пари за четири капитални проекти во 2021 година


Гевгелија, 26 ноември 2020 (МИА) – Четири од десетината капитални проекти што општина Гевгелија планира да ги реализира во наредната година, веќе поминаа кај ревизорот на развојната КФВ банка, што значи дека за нивна реализација се обезбедени пари, потврди градоначалникот Сашо Поцков.

-Станува збор за проектите за изградба на канализациска мрежа на јужниот дел од Гевгелија, нова водоводна линија за жителите на Мрзенци, Негорци и Прдејци, пречистителна станица за отпадните води од Негорски бањи, Негорци и Прдејци и нова водоводна линија со поголем капацитет од Гевгелија кон селата Богородица, Стојаково и Селемли, рече Поцков и додаде дека со средства за кои општината аплицирала преку Министерството за транспорт и врски ќе се изградат и реконструираат неколку улици во градот и населените места.

Покрај ова, Поцков посочи дека општина Гевгелија аплицирала за средства и од Министерството за труд и социјална политика со кои ќе се догради детската градинка „Сончогледи” во Гевгелија чиј што капацитет дополнително ќе биде зголемен за згрижување на уште 120 деца. им/дма/


Видете следно

Општина Гостивар заради пандемијата влезе во долг од два милиони евра

Намалените приходи од локалната економија во општинската каса и дополнителните трошоци придонесоа вкупниот долг да …