Општина Гостивар останува без пари во буџетот


На Општина Гостивар од денес му е блокирана сметката, иако со владина одлука извршителите немаат право да водат извршна постапка. За да ситуацијата стане уште поалармантна, ова се случува кога целиот свет води битка против пандемијата „Ковид 19“.

Наредбата да се остави Гостивар без пари во овој период дојдена е со директивите на еден политички субјект во Гостивар кој, во годините кога раководеа со локалната власт, Гостивар го потонаа во долгови. За време на своето владеење, таа партија им исплатувала на пожарникарите 20 отсто помала плата од предивената со закон.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на прес-конференција објасни дека и покрај договорот постигнат со пожарникарите, долгот да биде прифатен и платен на рати, партијата им дала наредба на своите милитанти вработени во ППТЕ Гостивар, постапката оди на извршување.

„И покрај ова, им велам на граѓаните да бидат комотни, затоа што ќе ја надминеме оваа состојба и покрај тоа што се случува во многу тежок период, на една институција да му се блокира сметката и тоа е скандалозно“, изјави градоначалникот. Гостивар, Арбен Таравари и додаде дека долгот кон пожарникарите е создаен во текот на 2015, 2016 и 2017 година.

Сумата што треба да им се исплати на пожарникарите е околу 100.000 евра и ќе биде тешко да се соберат овие пари за неколку дена, во услови кога граѓаните не плаќаат даноци заради состојбата која преовладува во земјава.

За ова, градоначалникот Таравари го информирал и техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој што рекол дека нема сознанија за случајот.


Видете следно

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово …