Општина Карпош ќе им додели по 10.000 денари на полуматурантите – првенци на генерација


Со одлука на членовите на Советот на Општина Карпош, 10 полуматуранти-првенци на генерација од сите основни училишта на територијата на локалната самоуправа, ќе добијат финансиски награди од по 10.000 денари поединечно, средства од општинскиот буџет.

Приватната здравствена установа „Жан Митрев” со донација од околу 500.000 денари хортикултурно ќе го облагороди и ќе го уреди просторот спроти болницата, десно од улицата „Новопроектирана”, додека „Халк Банка” со спонзорство од околу еден милион денари ќе го уреди просторот околу т.н. коцка во Т.Ц Лептокарија со поставување урбани реквизити. Овој потег ќе прерасне во мини „халк парк'”.

Карпошани од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” бр.149, влез 4 ќе добијат 44.500 денари за санација на оштетениот покрив од неодамнешното невреме кое ја зафати Општина Карпош.

На денешната седница, Советот на локалната самоуправа исто така донесе одлука, по претходна востановената меѓуопштинска соработка на Општина Карпош со Општина Аеродром, да го продолжи ангажманот на овластениот градежен инспектор во Општина Карпош за следните три месеци, односно за периодот од 15 јуни до 15 септември годинава.

Советниците исто така, дадоа и согласност и на Одлуката за формирање на комисии за прием на деца над капацитетот и за утврдување на критериумите за прием на деца во четирите јавни установи – општински детски градинки кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа и тоа: „ Пролет”, „ Мајски Цвет” , „ Распеана Младост” и „ Орце Николов”.

На денешната седница беше изгласана и одлуката за давање согласност за почнување постапка за извадање под закуп на училишен простор (училници, холови, магацински простор, помошни училници, подрумски простории) на општинските основни училишта од територијата на Општина Карпош за учебната 2020/2021 година.

Скопје, 28 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Конференција „Како институциите се справија со одливот на мозоци 2013-2020?”

Во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци денеска ќе се одржи конференцијата: …