Општина Кисела Вода денеска додели нови 31 ваучер за новороденчиња, од кои 18 за момчиња и 13 за девојчиња


Ваучерите на младите родители им ги подели шефот на кабинетот на градоначалникот, Горан Петковски.

Локалната самоуправа, помошта во висина од 6000 денари на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби.

За добивање на парична помош, семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Барањата се поднесуваат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето.


Видете следно

СКОПЈЕ СО PUMPTRACK ПОЛИГОН КАЈ ОЛИМПИСКИОТ БАЗЕН

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите наскоро ќе имаат можност да ги покажат своите вештини …