Општина Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје


Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, проф. Д-р Вјекослав Танасковиќ, денес потпишаа Меморандум за соработка на овие две институции. Согласно истиот, договoрена е активна соработка која ќе придонесе за унапредување на деловното опкружување, благосостојба и просперитет, со приоритет на спроведување на иновативно креативната платформа “Градиме здрава, зелена и безбедна иднина-Безбедна животна средина во локалната заедница-Take green action”.

Како што најавија градоначалникот на Општина Кисела Вода и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, заедничките активности ќе се спроведуваат преку организирање на специфични заеднички проекти со цел поттикнување  на одржлив развој и во руралниот и во урбаниот дел на општината, со приоритет на иновативно-кариерно вклучување на студентите во целокупниот процес на соработка.

На настанот во Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, пристуствуваа и своја поддршка дадоа и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски, директорот на Опитно поле ФЗНХ  Лидија Бурназова и директорот на ДУРДМОВ Димитар Влахов, Горанчо Јакмовски. Токму во државното учулиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид лоцирано во Кисела Вода, ќе се одржи првиот од заедничките проекти кои ќе следат согласно договореното. Настанот е закажан на 15 октомври, по повод Светскиот ден на храна, под мотото Ајде да садиме, здрава и органска иднина да градиме, а воедно со истиот ќе се одбележи и  Меѓународниот ден на слепи и лица со оштетен вид-Денот на белиот стап.


Видете следно

Министерот за култура се обрати на Меѓународниот семинар по балканологија

Министерот за култура Асаф Адеми денеска учестуваше и ги поздрави присутните на Меѓународниот семинар по …