Општина Кисела Вода со мерки за помош на граѓаните од високите температури


Општина Кисела Вода ги релизира добиените препораки од Владата на Република Северна Македонија врз база на податоците од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, кои велат дека во следните седум дена почнувајќи од четврток 08.08.2019 година, сѐ до 14.08.2019 година, територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза. Интензивирани се активностите во рамки на веќе отпочнатиот проект  ,,Топлотен бран – Заштита и превенција на здравјето на граѓаните од високи температури во летниот период”, во кој партнери се Црвениот Крст на Општина Кисела Вода и локалната самоуправа.

Специјално возило на Црвен Крст, со медицински тим, и волонтери на Црвениот крст патролира низ улиците во општина Кисела Вода, по потреба медицински интервенираат и ги транспортираат лицата на кои високите температури им предизвикале здравствени проблеми до нивните домови. Воедно, на најфреквентните локации во општината се дели вода.

Во поглед на своите вработени, Општина Кисела Вода, согласно дадените препораки од Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови ги ослободи од работните обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Воедно, апелираме до сите наши жители да ги следат препораките и во целиот летен период и да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, за кои докторите секојдневно информираат.


Видете следно

Димковски во Република Словенија: Воведувањето на нови технологии и ефикасни советодавни услуги за земјоделците е клучно за модерно и конкурентно земјоделство 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, од денеска во следните два дена е …