Општина Кисела Вода спроведува ред за чистота: Инспекторите досега казниле најмалку 10-тина лица


Општина Кисела Вода информира дека во текот на последниот квартал од тековната година, овластениот комунален инспектор и овластените комунални редари изрекле 10 парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за прекршоци сторени согласно Законот за јавна чистота (оставање на градежен материја, оставање на ѓубре како и продажба на земјоделски производи на јавна површина).

Извршени се повеќе контроли во однос на палење оган на јавна површина при што на физичките лица им се изречени опомени. Воедно, извршени се и инспекциски надзори на градилишта при што е констатирано дека товарните моторни возила редовно ги чистат тркалата при влегување во сообраќај.

Овластените инспектори за животна средина при Општина Кисела Вода во текот на последниот квартал од тековната година вршеа редовни инспекциски надзори и инспекциски надзори по добиена пријава од граѓани. Од извршените инспекциски надзори, после утврдена неправилност, издадени се две решенија со задолжување за отстранување на неправилност. Согласно закон, извршени се едукации кај правните субјекти, после утврдената неправилност. Во овој период не е поведена ниту една прекршочна постапка.

При вршењето на инспекциските надзори, согласно надлежностите на овластените инспектори, акцент беше ставен на контрола кај механичарските работилници на собирањето и предавањето на отпадното моторно масло кај овластени постапувачи. Исто така, се вршеше контрола на сендвичари, ресторани и други објекти кои имаат обврска за собирање на отпадното масло за готвење и негово предавање кај овластени постапувачи. При секојдневното вршење на инспекциските надзори од страна на овластените инспектори за животна средина усно им се укажува на правните и физичките лица за недозволените средства за затоплување кои негативно влијаат врз квалитетот на животната средина.

Од 15 декември ќе се почне со сменско работење на Комуналните редари со цел да се обезбеди постојан мониторинг на критичните точки во општината и ќе се продолжи со инспекцискиот надзор на правните субјекти и физичките лица.
За сите понатамошни делувања, општината ќе продолжи да известува.


Видете следно

Дали папараците „го уловија“ Никола Груевски во Будимпешта ?

Здраво г-дине Груевски, сте за едно кафенце? pic.twitter.com/l6kMGdtrGh — Сплинтер (@sinisa_goliOtok) December 11, 2018