Општина Кисела Вода Ве поканува на “Културно лето Општина Кисела Вода 2019”


Утревечер, 17.08.2019год. (сабота), со почеток во 20 часот, Општина Кисела Вода Ве поканува да бидете дел од свеченото отворање на Културно лето Општина Кисела Вода 2019. Годинава, истото ќе понуди богата содржина од музички настани и ќе се одвива на повеќе локации низ општината. Отворањето и првата фестивалска вечер ќе се случува на културно верско-рекреативниот центар Три Круши. Ќе настапат Дани Димитровска, Ефто Пупиновски и КУД Китка.

Целосниот распоред на настани предвидени за годинешното Културно лето Општина Кисела Вода 2019 изгледа вака:

23.08.2019 год. (петок), локација Парк Шопен

Настапуваат: Бени и Нон Стоп, Анастасија Петреска и група Биоритам

24.08.2019 год. (сабота), локација КВРЦ Три Круши, с. Драчево

Настапуваат: Миле Кузмановски, Силви Бенд, Сузана Спасовска

30.08.2019 год. (петок), локација Парк Македонија

Настапуваат: Александар Митевски, Драган Спасов-Дац, Кристина Арнаудова

31.08.2019 год. (сабота), локација КВРЦ Три Круши, с. Драчево

Свечено затворање: Искра Трпева, КУД Китка, Мики Јовановски Џафер, Ѓоко Таневски

Сите настани започнуваат во 20:00 часот.


Видете следно

По 10.000 денари за првенците на генерација во Општина Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во …