Општина Куманово објави повик за вклучување во проектот „Креирање можности за работа за сите”


Куманово, 21 август 2020 (МИА) – Општина Куманово ги повикува заинтересираните невработени лица да се вклучат во проектот „Општинско-корисна работа-СДЦ”, проект „Креирање можности за работа за сите” за работно ангажирање со скратено работно време, објави денеска Општината. Заинтересираните ќе бидат ангажирани седум месеци и преку програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување-Центар за вработување-Куманово.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ” ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно. Притоа за време на работниот ангажман статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа” имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои првпат се јавуваат за учество. Кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени ќе добијат паричен надомест во висина од 9.000 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Со овој проект се таргетираат долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над пет години), млади лица до 29 години, жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници и лица припадници на ромската етничка заедница. Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на образовни асистенти за првоодделенци и за ученици од второ до деветто одделение. Асистентите треба да имаат завршено средно образование. Во повикот се бараат пет асистенти за работа со првоодделенци и пет за ученици од второ до деветто одделение.

-Заинтересираните невработени лица пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ” можат да поднесат во Агенција за вработување-Центар за вработување Куманово во периодот од 20 август 2020 година до 26 август 2020 година, од 8:00 до 14:00 часот. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општина Куманово и избраните кандидати-се наведува во повикот каде има детални информации за лица кои заинтересираните треба да ги контактираат.


Видете следно

Во Дојран се реставрира оштетниот дел од рекреативната патека

На потегот од комплексот на ЕЛЕМ до одморалиштето на Црвен крст во Дојран се изведуваат …