Breaking News

Општина Струмица го продолжи јавниот повик за ослободување од плаќање градинка за самохрани родители


Општина Струмица го продолжи јавниот повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година. Повикот траеше до вчера, а заради малиот број на пријавени граѓани градоначалникот Косрадин Костадинов го продолжи траењето на повикот.


-Во интерес и на децата и нивните родители го продолжуваме јавниот повик за ослободувањето од плаќање на надомест за престој на деца на самохраните родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ кои земаат плата пониска од просечната месечна плата во државата и невработени лица со цел што поголем број деца да бидат опфатени со оваа мерка, рече струмичкиот градоначалник.


Според повикот, правото на партиципација се остварува за дете од семејство на самохрани родители кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица и кои живеат на територија на Општина Струмица.

Самохрани родители кои влегуваат во оваа категорија и имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца се доколку еден од родителот е починат, еден од родителот е непознат и е дете од разведен брак.


Изборот ќе го врши комисија формирана од градоначалникот, а лани оваа мерка на Општината ја искористиле 20 родители. рт/

МИА