Општина Центар и ПС Центар: Заштитете го домот од кражби


Општина Центар и Полициската станица Центар втора година по ред го реализираат проектот „Превенција од имотни деликти – кражби во куќи и станови и кражби на возила“.
Денеска градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ со претставници на Полициската станица Центар делеа известувања со едукативна содржина.

„ Сакам да апелирам до граѓаните да внимаваат и да го заштитат својот дом од кражби со придржување на основните безбедносни совети“, рече градоначалникот Богдановиќ.

Општина Центар и ПС Центар предупредуваат вратите и прозорците на становите да бидат затворени, да не се дозволува непознато лице да влегува во нечиј дом, да се чуваат вредните предмети на сигурно место и да се пријави во полиција на 192 ако се забележи нешто сомнително.



Видете следно

Отворена истрага против лице кај кое беше пронајден околу еден килограм марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека …