Општина Центар објави Јавен повик за доделување субвенции за проектот „Сервис за стари лица”


Најзагрозени и во најголем ризик од Корона вирусот се старите и изнемоштени лица над 65 години. Токму заради оваа ситуација, Општина Центар објавува Јавен повик за доделување субвенции за проектот „Сервис за стари лица”.

Сите заинтересирани кои се жители на Општина Центар и се на возраст над 60 години, ќе можат да аплицираат на Јавниот повик кој е отворен од денес, 24.3.2020 година.

Заради актуелната ситуација со Корона вирусот како и новите мерки од Владата на РСМ и Министерството за здравство за забрането движење на лица над 67 години по 11:00 часот, Општина Центар ќе формира мобилни тимови кои ќе им помогнат на старите лица да аплицираат на Јавниот повик.

Службите од Општина Центар ќе дојдат до нивните домови и ќе им ја достават потребната апликација.
За подетални информации обратете се на телефонскиот број 076 313 383.


Видете следно

И Јанушев се откажа од патните трошоци

Од патни трошоци се откажа и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Тој тоа го …