Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и лифтови на станбени згради


Општина Центар објавува јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и лифтови на станбени згради на територијата на Центар.

Овој проект, Општина Центар успешно го реализира веќе 3️⃣ година по ред и досега се санирани 53 станбени објекти на територијата на Центар.

„Ги повикувам сите заинтереирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради на територијата на Центар, да се пријават и да аплицираат на јавниот повик. Проектот е поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, Програма ГДО, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови“, напиша градоначалникот на општина Центар, Сашо Богдановиќ.

Повеќе информации за критериумите и правото на учество, можете да се информирате на линкот.


Видете следно

Во Скопје 226 санкционирани возачи, 11 за брзо возење, 19 без возачка

На територијата на Град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно …