Општината Македонска каменица гради објекти за месните заедници


Директна поддршка за работата на месните заедница обезбедува Општината Македонска Каменица. За таа цел, се градат шест нови објекти, каде ќе работат месните заедници од неколку села. За 8,8 милиони денари, фирмата ДарМар почна да работи на објектите во Стара Каменица и село Саса. Изминатите денови градоначалничката Соња Стаменкова направи увид на теренот, каде се градат овие објекти, информираат од Моја Општина.

-Со овој проект значително се подобрува животот во селските средини и Општина Македонска Каменица ќе продолжи со вакви проекти. Ќе бидат изградени шест армирани настрешници за потребите на жителите во село Тодоровци, Косевица, Саса, Цера, Моштица и Дулица,рече Стаменкова.

Во исто време продолжуваат работите на уличната инфраструктура во Македонска Каменица, во рамките на договорот со струшката компанија Класик компани, вреден 7,3 милиони денари. Се уредуваат повеќе пристапни пешачки патеки во градот, тротоари и пристапни патеки до пешачки мостови од кеј на Каменичка Река.

– По претходно склучени договори интензивно се работи на улицата „Вера Јоциќ“, која во најбрз рок ќе биде завршена. Се работи на доуредување на кејот на река Каменичка и се довршува партерното уредување во центарот на градот, кажа Стаменкова.

Уредувањето на кејот на Каменичка Река е во должина од 200 метри, за кои е задолжена Стоименов ДООЕЛ од Кочани.


Видете следно

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот на цената на квалитетните станови

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но …