Фото: Википедија

Општините Берово и Пехчево дел од проект за фискална транспарентност


Општините Берово и Пехчево влегуваат во проект за подобрување на финансиската транспарентност. За таа цел, како што информираа од тамошните единици на локалните самоуправи, потпишан е Меморандум за соработка со „Фајненс тинк” и ФИСКАСТ мрежата,  со што наредните неколку години, ќе се работи на  подобрување на финансиската транспарентност.Проектот ќе опфати изработка на регистар на парафискалните давачки и обуки за вработените, преку кој ќе се подигне финансиската транспарентост на општините. Обуките покрај вработените во локалните самоуправи, ќе ги следат и вработени од ЈПКР „Услуга” од Берово и ЈКП „Комуналец” од Пехчево.-Транспарентоста на јавните институции е нешто на кое постојано треба да се работи, а особено финансиската транспарентност, истакнаа градоначалниците на Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Драган Тренчовски.Проектот, освен во Берово и Пехчево, ќе се спроведува во 21 општина во земјава. вс/бак/

Делчево, 4 мај 2021 (МИА)



Видете следно

Анализа на Уникредит: Кинески заеми на Западен Балкан од три до 20 отсто од БДП

Кинеските заеми на Западен Балкан привлекуваат сè поголемо внимание како резултат на геополитичките и економските …