Breaking News

Општинскиот Црвен крст Велес ги додели признанијата на најдобрите крводарители


Општинската организација на Црвен крст Велес по повод 17 март – Ден на Црвениот крст на Република Северна Македонија и воедно Ден на крводарителството, синоќа во големата сала на Општина Велес ги додели признанијата за најдобрите на полето на крводарителството во Велес, Градско и Чашка за 2022 година.


Признание на 100 пати дарувано крв доби Јован Андреев, додека за 50 дарувања им беше врачено на Сашко Хаџи Арсов, Николче Несторов, Драге Станчевски, Даниела Петровска, Дарко Атанасовски, Илиевски Гоце, Ален Давчевски, Бојан Станчев, Сашо Новачев и Јово Стојков.


Во знак на благодарност за унапредување и омасовување на крводарителството, значаен придонес за исполнување на локалниот и републичкиот план за крводарителство во 2022 година и за поддршка на крводарителството Благодарница им се додели на: Здружение „Велес Бајкинг“, Основна организација на Црвен крст Градско, ССОУ „Коле Неделковски“ и Горан Богоевски.

На Манифестацијата со две кореографии настапија и членовите на Балетското студио „Анабела“, а се прикажаа и два видео спотови кои ги изработија волонтерите од Клубот на млади.


Како што изјави за МИА, Орце Николов секретар на ООЦК Велес забагодарувајќи им се на велешките крводарители за хуманоста, потенцира дека со години наназад тие се на врвот на хуманите во земјава. ад/дма/

Фото: Фејсбук на Орце Николов – секретар на ООЦК Велес