Оштетена инсталација причина за повеќемесечниот проблем со уличното осветлување во Македонска Каменица


Проблемот со јавното осветлување во дел од централното градско подрачје во Македонска Каменица е наследен и ќе биде решен во најкраток можен рок. Одговорајки на прашања на граѓаните, каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски како главна причина за повеќемесечниот проблем со уличното осветлување во Македонска Каменица ја посочи оштетената електрична инсталација.

-Мојот тим изврши анализа на соодветната документација, како и увид на терен и е констатирано дека е потребен ангажман на фирма со специфична опрема. Целта е точно утврдување на местото на кое е оштетена електричната инсталација, што пак е извор на проблемот кој трае повеќе месеци, вели Атанасовски.


Во таа насока, како што додаде, веќе е ангажирана фирма која ќе биде задолжена за решавање на овој горлив проблем.

-Активностите на терен се очекува да започнат во текот на наредната недела, кога ќе се започне со санација и трајно отстранување на проблемот со јавното осветлување, додаде Атанасовски.


Транспарентноста и отчетноста, како што посочи, остануваат должност на Општината, со примарна цел граѓаните да ги добијат вистинските информации. вс/рп/

Македонска Каменица, 14 јануари 2022 (МИА)



Видете следно

Утринските температури во цела држава под нула

Во целата држава утринава температурите се под нула. Најстудено е во Берово каде се измерени …