Осигурениците одбиваат да осигуруваат автомобили Range Rover во Лондон


Со својот луксузен ентериер и најмоќните мотори автомобилите од марката Range Rover се најпосакувани од богатите и познатите. Сопствениците на Range Rover во Лондон сепак може да имаат проблеми со нивното осигурување, бидејќи осигурителните компании одбиваат да ги осигуруваат по серијата кражби во англиската престолнина.

Осигурениците одбиваат да осигуруваат автомобили Range Rover, освен ако сопствениците немаат подземна гаража или сигурно место каде да се паркираат.

Во последните три месеци осигурениците и осигурителните брокери имале средба со Jaguar Land Rover, за да разговараат за ова прашање. Автомобилите се мета на крадците поради палењето без клучови.

Според Thatcham Research во периодот јануари-јули оваа година во Лондон се украдени 294 автомобили Range Rover Evoque и Sport. За истиот период бројот на украдени автомобили BMW X5, кој се натпреварува со Range Rover, кој изнесува 63.


Видете следно

Радовишкото обвинителство обвини 11 лица за непостапување по здравствените прописи

Обвинетите 11 лица, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на …