Breaking News

Османи ќе учествува на 29. Министерски состанок на ОБСЕ во Полска


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе учествува на 29. состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, којшто оваа година се одржува во Лоѓ, Полска.

На состанокот, во организација на Полското претседавање со ОБСЕ, ќе учествуваат голем број министри за надворешни работи и високи претставници на земјите учеснички на ОБСЕ.


Министерот Османи, како што информираат од МНР, ќе има серија обраќања на теми од интерес на Организацијата, а во контекст на геополитичката криза предизвикана со агресијата на Руската Федерација врз Украина.

Османи денеска ќе се обрати пред министрите за надворешни работи, додека согласно агендата и воспоставената пракса, утре ќе ја води третата пленарна сесија на состанокот, во капацитет на иден претседавач со ОБСЕ.


На маргините на состанокот, Османи ќе оствари низа билатерални средби. фф/бак/

МИА