Османи: Македонија повторно предводник во регионалната соработка на Балканот


Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Генерална Секретарка на Советот за Регионална Соработка, Мајлинда Брегу која е во работна посета на земјава.

Вицепремиерот Османи на својата соговорничка најнапред ѝ посака успех во извршување на новата функција како Генерална Секретарка на Советот за Регионална Соработка. „Можете да сметате на нашата целосна поддршка и подготвеноста за учество во сите иницијативи кои ни претстојат“, изјави Османи на почетокот од состанокот.

На средбата беа отворени темите поврзани со регионалната соработка, особено во контекст на Повеќегодишниот план за заедничката Регионалната економска област на Западниот Балкан, како значајна платформа за поголема економска и општествена интеграција на земјите од регионот.

„Денешната посета на г-ѓа Брегу се совпаѓа со финализацијата на едно од најголемите билатерални прашања на Балканот – конечната имплементација на Договорот од Преспа во Македонија и Грција. Овој успех е секако во насока и на унапредувањето на регионалната соработка, особено како поттик за позитивен пристап и отвореност за компромис при решавањето и на останатите билатерални прашања во регионот“ – истакна вчера Османи. Во овој контекст тој додаде дека со имплементација на договорот од Преспа, но и претходно, преку историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, Македонија во моментов ги има затворено практично сите поважни отворени прашања со соседите и претставува предводник на регионалната соработка на Балканот.

За време на средбата се разговараше и за искористувањето на ИПА средствата, особено оние наменети за унапредувањето на регионалната соработка, за улогата на Советот во асистенција на земјите од Западниот Балкан, како и за имплементацијата на овие средства од страна на нашата земја.



Видете следно

Пендаровски: Јас сум длабоко уверен дека само ако работиме заедно – ќе успееме!

Обраќање до јавноста на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски Почитувани граѓани, Ви се обраќам …