Осмиот по ред претседател на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски наполни 57 години


Трајко Вељаноски е роден на 2 ноември, 1962 во Сливово, Охридско. Тој е правник, политичар и осми по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008 до 2016 година. Член е на ВМРО-ДПМНЕ. Во собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија.

На Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” ги завршува студиите по правни науки, а во 1988 година го полага адвокатскиот испит и истата година отвора самостојна адвокатска канцеларија. Како адвокат работи до почетокот на 1999 година. Оженет е и е татко на две деца.

Своето политичко ангажирање Трајко Вељаноски го започнува во 1993 година со вклучувањето во ВМРО-ДПМНЕ. Неговото политичко дејствување е тесно поврзано со неговата професионална определба – правото и легислативата. Така, повеќе години ја води Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, член е на Комисијата за политички систем, а исто така го води и Форумот за правни и политички прашања и судски систем на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 1999 година е избран за потсекретар во Министерството за правда на Владата на Република Македонија, каде што набргу станува и заменик – министер. Притоа, посебено е активен во подготвувањето на закони, но има и активно учество во процесот на нивното донесување во Собранието и собраниските работни тела. Исто така, учествува во подготвките на повеќе меѓународни билатерални и мултилатерални договори, како и учество на меѓународни средби, коференции и семинари.

Во овој период е и член на Комисијата за претставки и предлози на председатлот на Република Македонија, а исто така е член и на Управниот одбор на Центарот за европски интеграции. Во повеќе изборни циклуси, како што се председателските, парламентарните и локалните е ангажиран како член на Државната изборна комисија.

На парламентарните избори во 2006 година Трајко Вељаноски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и во тој мандатен период до април 2008 година е претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На изборите во јуни 2008 година повторно е избран за пратеник, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав е избран за претседател на Собранието на Република Македонија.

На 20 февруари 2019 година бил уапсен под обвинение дека бил еден од организаторите за Упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година.

Извор: Википедија


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …