Основачот на Amazon.com го купува “Вашингтон пост”


Основачот на Amazon.com и извршен директор на компанијата Џеф Безос го купи еден од највлијателните весници во САД – “Вашингтон пост” за 250 милиони долари. Износот сепак не е конечен и може да се прилагоди во следните два месеци, кога се очекува да биде финализирана зделката.

Безос го купува изданието самостојно, без да се условува на кој било начин со Amazon.com, пишува Bloomberg повикувајќи се на официјално соопштение. На овој начин се става крај на четирите генерации контрола на фамилијата Греам над една од водечките новински организации во Америка.

Досегашниот сопственик на весникот Washington Post Co. нема да ги продава останатите бизниси и ќе продолжи да се тргува на берзата, но под друго име.

“Ја разбирам критичната улога која ја има” Вашингтон пост “за државата” и оваа улога нема да се промени”, коментираше Безос. “Нашиот долг кон читателите ќе продолжи да биде моторот на” Вашингтон пост “и јас сум многу оптимист за иднината”, додава тој.

Откритието на весникот во 70-тите години доведе до невиден дотогаш скандал со прислушување т.н. “Вотергејт” и првата оставка на претседател во американската историја.

На 27 јули 1974 година, Конгресот на САД открива процедура на отповикување на избор за втор мандат на претседателот Ричард Никсон во врска со оваа афера. Ричард Никсон не успева да докаже убедливо дека нема ништо заедничко со аферата, и поднесе оставка како претседател (август 1974), што е преседан во американската политичка историја.

Купувачот посочи дека нема да има отпуштања на 2.000 лица персонал и најави дека раководителите остануваат исти, вклучувајќи го и извршниот директор Кетрин Вејмаут (внука на Греам). Тој додаде дека лично нема намера да го напушти Сиетл, а ќе го остави менаџментот на компанијата да си ја врши работата.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …