Основачот на Facebook подари акции од 500 милиони долари


Марк Зукерберг е основачот и во моментов главен акционер во најголемата социјална мрежа на планетата. Зукерберг се разделил со 18 милиони хартии од вредност во име на добротворна кауза на фондот Silicon Valley Community Foundation.

Тоа е најголемиот гест направен досега од основачот и лидер на популарната социјална мрежа, забележуваат светските агенции. Пред две години Марк Зукерберг донирал 100 милиони долари за училиштата во државата Њу Џерси.

Во 2010 година основачот на Facebook ја поддржи иницијативата The Giving Pledge на инвестицискиот гуру Ворен Бафет и основачот на Microsoft Бил Гејтс.

Богатството на Марк Зукерберг се проценува на околу 9 милијарди долари. Цената на акциите во моментов се движат од 27.77-27.78 долари за акција.


Видете следно

СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА НА ФЕСТИВАЛОТ ЗА 2019 ГОДИНА

Струшките вечери на поезијата ја објави Програмата на претстојното издание на Струшките вечери на поезијата …