Основачот на Микрософт и филантроп Бил Гејтс наполни 64 години


Бил Гејтс, е американски бизнисмен и микрокомпјутерски пионер. Тој, заедно со други, го има напишано оригиналниот Altair BASIC интерпретатор за Altair 8800 (првиот комерцијално успешен личен сметач). Тој, заедно со Пол Ален ја имаат ко-основано Мајкрософт корпорацијата и моментално е нејзин директор и главен софтвер архитект. Според списанието Форбс, Бил Гејтс е третиот најбогат човек на светот. Тој живее на езерото Вашингтон, во Медина, Вашингтон, во една од најскапите куќи на светот, проценета на 125 милиони долари.

Бил Гејтс има создадено многу програми и некој од најпознатите оперативни системи. На почетокот со Пол Ален прилагодувале програми за работа со одредени компјутери, но по основањето на Мајкрософот започнале со свои креации. Првиот оперативен систем бил MS-DOS. Потоа во 1985та година следувал Windows. За него се создале и Microsoft Office Suite,т.е. анцелариските алатки:Word, Excel, Powerpoint како и Internet Explorer.

Во 1987 година официјално станал билионер според магазинот Форбс. Бил сеуште немал наполнето ни 32 години. Станал најмладиот билионер кој тоа го постигнал сам и со свој труд. Таа година тежел 1.25 билиони долари.

Во 1994та година Бил Гејтс ја основа William H. Gates Foundation. Таа функционирала се до 2000та година кога со неговата сопруга искомбинирале 3 семејни фондации во новата Bill & Melinda Gates Foundation која е најголемата транспарентна добротворна организација во светот.


Видете следно

Штипските текстилни и кожарски фабрики ја почитуваат уредбата за забрана за работа

Штип, 5 јуни 2020 (МИА) – Штипските текстилни и кожарски фабрики денеска ја почитуваа забраната …