Осум жители на Дојран дијагностицирани со ковид 19


Министерството за здравство информираше вчера дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2.

Починати беа 4 лица, пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во, еден вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827, бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а до вчера бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, Општина Гевгелија со новонотираните осум новозаболени лица,го собори дневниот рекорд на инфицирани од Ковид-19 во еден ден, потврдија од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија од каде велат дека од почетокот на пандемијата до денеска ова е најголем број на случаи во југоистокот од земјава.

Согласно поседните податоци општина Гевгелија има 89 заболено од коронавирус, а активни 54. Од нив 8 лица се жители на Дојран.

-Ова се должи, пред се, на недисциплината на нашите сограѓани кои и покрај предупредувањата и нашите секојдневни апели, не ги почитуваат препораките за доследна примена на заштитните мерки, пред се, за носењето маски, држењето социјална дистанца и миење и дезинфекција на рацете, рече епидемиологот доктор Сашо Олумчев кој денеска апелираше заштитните маски да се носат дури и на отворен простор поради опасноста од ширење на вирусот и по воздушен пат.

Констатацијата на докторот за недициплинираното однесување на граѓаните од Општина Гевгелија во однос на примена на заштитните мерки и почитување на протоколите за заштита од ширење на коронавирусот ја потврдува и податокот од Полициката станица со општа надлежност од Гевгелија според кој за период од четири месеци на територијата на општината се изречени 1.512 казни за неносење на заштитни маски.


Видете следно

Општина Гевгелија вети помош за локалната економија за време на корона кризата

Покрај новиот четврти владин пакет мерки за помош на економијата, и Општина Гевгелија вети дека …