Breaking News

Отпадот ги заменува фосилните горива во цементната индустрија


Кога кантите со отпад се собираат, отпадот вообичаено се носи во постројка за третирање на отпад. Тука, различните типови на отпад се сортираат и се праќаат на преработка, и од нив се добиваат нови шишиња, лименки, хартија и пластика. Ова е најдоброто искористување на ресурсите – истата количина повторно се враќа во производството. Но, што е со остатоците, односно отпадот кој не може да се рециклира? Во минатото, овој отпад се праќаше на депониите, каде се губеше неговата вредност, а понекогаш предизвикуваше и загадување. Сега, во партнерство со постапувачите со отпад, цементните печки може да го користат овој резидуален отпад како локално гориво кое се нарекува СРФ – цврсто гориво добиено со преработка на отпад. Со употребата на СРФ, може да се намали увозот на фосилни горива.


Повеќе за тоа како се подготвува отпадот за да биде искористен како гориво во цементната индустрија, може да дознаете ако го погледнете примерот од Ирска на следното видео: