Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2018 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на мај 2018 година и изнесува 19.8, а во однос на
јуни 2017 година е зголемен за 2.4 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2018, во однос на мај 2018 година, е поповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на мај 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на јуни 2017 година. Се очекува бројот на вработени да порасне.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2018 година изнесува 67.8% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 22.7%, недоволната домашна побарувачка со 18.7%, недоволната странска побарувачка со 17.5% и неизвесното економско опкружување со 10.4%.


Видете следно

Заев и Ангеловска за Извештајот на ММФ: Коментарите не се негативни, напротив позитивно ја охрабруваат Владата да продолжи со реформите

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на …