Отворање на акцелераторска лабараторија на УНДП


Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува на отворање на нова акцелераторска лабораторија на УНДП. Отворањето ќе се случи со конференција во хотел Хилтон (Diamond Ballroom), со почеток во 14:30 часот.

Конференцијата ќе ја отворат Заев, кој ќе се обрати од сцената во хотел Хилтон, и администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Ахим Штајнер, чие обраќање ќе биде преку видео врска од неговата канцеларија во Њујорк.

На настанот свое излагање ќе имаат светски реномирани говорници на тема „трансформација на системи”.

Поради ограничувањата за справување со пандемијата, настанот ќе биде од хибриден карактер каде што поголемиот дел од говорниците и гостите ќе учествуваат преку онлајн врска.

Акцелераторските лаборатории на УНДП, кои ги има во 116 земји во светот, имаат за цел да развијат нови и иновативни пристапи за справување со комплексни глобални предизвици како климатските промени, пандемиите и нееднаквоста. ир/ац/

Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) 


Видете следно

Дебарските пожарникари досега со 12 интервенции, апелираат да не се палат огнови на отворено

Дебарските пожарникари во изминатиот период од оваа година имале 20 отсто помалку интервенции споредено со …