Breaking News

Отворање Центар за претприемништво и креативност во Прилеп


Нов Центар за претприемништво и креативност ќе биде отворен денеска на Економскиот факултет во Прилеп.


На отворањето ќе говорат министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, деканка на Економскиот факултет – Прилеп и Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ).


Центарот за претприемништво и креативност треба да биде место каде студентите и младите македонски претприемачи од Пелагонискиот регион ќе ги развиваат своите претприемачки идеи и ќе создаваат услови за развој на локалната економија.

Центарот е формиран во рамки на проектот BeCircular – Подобрување на вработеноста преку
претприемништво и циркуларна економија, а е финансиран од програмата за прекугранична соработка (IPA CBC) на Европската Унија. вг/хс/


Скопје, 23 март 2023 (МИА)