Отворен фестивалот „Албански театар во Македонија”


Дебар, 25 септември 2020 (МИА) – На отворено, поради пандемијата со Ковид-19, во дворот на општинското основно училиште „Саит Најдени” во Дебар, синоќа почна 19-то издание на фестивалот „Албански театар во Македонија”.

Прогласувајќи го за отворен градоначалникот Хекуран Дука на учесниците, гостите и публиката, им посака добредојде и успешни фестивалски денови.

-Чест и привилегија е да го прогласам за отворен фестивалот, кој е синоним за Дебар, каде се одржува по 19-ти пат. Задоволство ми е што сум меѓу театарските уметници кои секогаш доаѓаат, постојат и се грижат високо да ги подигнат духовните чувства кај луѓето. Годинава, во поспецифични услови, се ангажиравме заедно со директорот на фестивалот Илбер Нуредини, да ја продолжиме традицијата на одржување на ова значајна манифестација. Како локлана власт дадовме целосна подршка да се одржи фестивалот а поради тоа што се одржува под отворено небо да бидам искрен ме потсетува на одржувањето на драмите од античко време, рече градоначалникот Хекуран Дука прогласувајќи го фестивалот за отворен.

Додаде дека општина Дебар секогаш изнаоѓала начини и можности да ги подржи сите културни и спортски активности и така и ќе продолжи.

Честа прва да настапи и припадна на Театарската продукција ДВШ од Тирана со комедијата „Не зборувам, не гледам, не слушам”, на текст на грчкиот автор Јоргос Теодосиадис а во режија на Донард Хасани и Валдрин Хасани.

-Комедијата „Не слушам, не гледам, не зборувам” не е само комедија што ве тера да се смеете, туку затоа што над тоа се носи внатрешната драма на секој од луѓето со различни способности и нивниот напор да живеат, да сакаат, да работат нормално како другите, дури и силни пораки за свесност кон општеството кое треба да ја поддржат и да ја земат предвид оваа категорија, во нормален соживот со нив, рече директорот на фестивалот Нуредини,најавувајќи го настапот на актерите од Тирана.

Вечерва настапуваат Националниот театар од Приштина,Косово со претсатвата „Возови” во режија на Зана Дураку и продукцијата „Филмс-н’росес од Скопје со претставата „Лифт од Горе” во режија на Ментор Нуредини.

Следните денови ќе настапат уште две тетарски трупи од Тирана и една од градот Фиер, Албанија, како и албанскиот театар од Скопје.

Фестивалот завршува на 29 септември со доделување на наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка.

Одржувањето на фестивалот како и изминатите изданија и овој пат финаниски е подржано од Министертвото за култура, од локалната власт, како и неколку компании.вт/са/


Видете следно

Коронавирусот ја зголеми сиромаштијата кај нас

Здравствената криза предизвикана од КОВИД-19 во светски рамки, а со тоа и кај нас во …