Отворен најголемиот аеродром во светот (Видео+Фото)


Новиот аеродром во Пекинг е најголемиот во светот. Тој ги отвори своите врати во јужниот регион Даксин.

Аеродромот е новата база на авиокомпаниите China Southern Airlines и China Eastern Airlines, објави агенцијата Ројтерс.

Терминалот е дизајниран од архитектката Заха Адид, која почина минатата година. Тој има повеќе зелени површини – живи градини, и вклучува одделни патнички зони за меѓународни и домашни летови, за да се создаде компактна зграда и да се намали времето на патување.

aerodrompeking2

Иновативниот дизајн во новиот терминал е со површина 700 000 квадратни.

Терминалот на аеродромот Дасинг е во форма на морска ѕвезда за да им овозможи на патниците од безбедносните проверки до најоддалечените гејтови да не одат повеќе од 600 метри, што е околу осум минути.

Новиот аеродром има четири писти и 268 места за паркирање авиони и е оддалечен 45 километри од Пекинг, или дваесет минути патување со брз воз.

Целта е новиот аеродром да го олесни патувањето до Пекинг.

 

aerodrompeking1


Видете следно

Арсовска: Потребна институционална поддршка за позиционирање на македонските брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a …