Отворен натпреварот „Зелени идеи 2021″


АРНО ги повика граѓаните кои сметаат дека имаат идеја за зелен, одржлив бизнис до 12 мај да аплицираат на натпреварот „Зелени идеи 2021″.

Пријавите за натпреварот и сите информации се достапни на веб-страницата https://zeleniidei.mk/.

Оваа година АРНО ќе додели 1000 долари за бизнис концептот и по 2000 долари за бизнис идеите кои ќе бидат избрани во финалето како три македонски победнички идеи. Дополнителна поддршка ќе доделат и партнерите: Фонд за иновации и технолошки развој, МКА2000 и Македонија 2025.

Во тек е пријава за работилници за апликанти кои сакаат да добијат поддршка и менторство за пополнување на формуларите и повик за бесплатен промотивен материјал за сите кои сакаат да добијат еко-картичка од која никнува цвеќето пркос.

-Немаме што да кажеме многу паметно во пандемија во која се губат работни места, човечки животи. Ние само може гласно да си потврдиме дека иднината на економијата ја гледаме во социјалното и зеленото претприемништво, во бизнис моделите во кои јасно се гледа грижа за луѓето и искрен однос кон животната средина. Нашите граѓани имаат капацитет да бидат и искрени и иновативни, тоа го гледаме преку освојување на регионалните награди секоја година. Ние сакаме во периодов што е тежок и неизвесен да им понудиме на граѓаните предизвик да размислуваат за зелени бизниси, а сакаме и да понудиме и поддршка на домашната зелена економија, вели Ирина Јаневска од АРНО.

„Зелени идеи” е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во земјите од Западен Балкан и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 или 5.000 долари за реализација на идејата во својата земја. мч/лв/

Скопје, 7 април 2021 (МИА)


Видете следно

Милиони корисници со проблеми при пристапувањето кон мрежите Фејсбук и Инстаграм

Фејсбук и Инстаграм не работеа синоќа, а утрово, корисници во дел од светот соопштија дека …