Отворен повик за учество на Меѓународен натпревар за квалитет на мед во Тетово


Тетово, 15 септември 2020 (МИА) – Сите заинтересирани пчелари од денеска може да се пријават на повикот за учество на меѓународниот натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед 2020″ (Tetovo Honey awards 2020) што го организираат здруженијата „Полошки мед” и „Градот на пчелите”.

Партнер на натпреварот е Факултетот за прехранбена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово.

„Тетово награди за мед 2020″ се одржува втор пат. Лани прв пат го организираа двете тетовски здруженија.

-Рокот за достава на примероци на мед е од 15 септември до 15 октомври. Во првата половина од ноември ќе се формира меѓународна комисија составена од универзитетски професори и истакнати пчелари кои ќе извршат органолептичка оценка на медот. Во втората половина на ноември ќе се изврши лабораториска анализа, додека на крајот на месецот или почетокот на декември е планирана е манифестацијата за доделување на наградите. Се разбира согласно протоколите кои ќе важат во тој момент околу заштита од Ковид-19, информираат од здруженијата.

За пријавување, пчеларите треба да се регистрирани и да имаат регистерски број (РБО) од Министерството за земјоделство, да испратат две тегли мед од по 500 грама и да платат партиципација од 20 евра.


Видете следно

„Дрекслмајер” донираше триста компјутери за училишта од пет општини

„Дрекслмајер” донираше триста компјутери за училиштата од Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Велес и Градско, иформираа …