Отворена електронска продавница во Охрид


Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска на Факултетот за информатички технологии и науки „Свети Апостол Павле“ во Охрид ја презентираше владината иницијатива за Отворено владино партнерство.

Во рамки на работната посета на Охрид, министерот Ивановски присуствуваше и на отворањето „„Macedonian Handicrafts“, втора од 50-те електронски продавници што ќе бидат субвенционирани од Владата.

– Особено е значајно што станува збор за специфична интернет-продавница што ќе нуди традицонални македонски производи, каде сите потенцијални клиенти што имаат пристап до дигиталниот свет ќе можат да се купат најразновидни занаетчиски производи, од икони, носии, охридски бисер, дуборези…, рече Ивановски, изразувајќи уверување дека продавницата ќе биде стимул за занаетчиите да продолжат со нивните традиционални дејности.

Ивановски потсети дека најдобрите пет интернет-страници што ќе остварат најголем обрт на производи односно најдобро менаџираните страници ќе добијат уште една година субвенционирано хостирање од страна на Владата.

Извор:скај.мк


Видете следно

Конференција за регионална соработка посветена на безбедноста при работа

Регионалната соработка, вмрежувањето на граѓанските организации од ИПА регионот, како и унапредување на регионалните граѓански …