Отворена првата Банка од иднината, i-bank store од Стопанска банка АД – Скопје


Во мисијата на Стопанска банка стои дека во модерното окружување кое е во постојан подем и движење, каде личните потреби и очекувања се менуваат, и каде клиентите знаат повеќе, бараат повеќе и прават повеќе, Банка настојува да отвори нови можности преку понуда на финансиски производи и услуги кои соодветствуваат на овие промени, лесно достапни со помош на современи дистрибутивни канали.

Со отворањето на i-bank store, сите алтернативни иновативни банкарски услуги добиваат свој дом и простор каде ќе бидат во фокусот на вниманието и на Банката и на клиентите. Во i-bank store регионалното искуство и познавање на пазарот преку глобалните технолошки иновации се преточува во локална предност за нашите клиенти.

Паралелно со отворањето на i-bank store, Банката воведува уште неколку новитети кои значително ќе го подобрат искуството на клиентите при користење на банкарските услуги:
• Унифицирана платформа со примена на OTP (one time password) токен за автентикација на налози за сите плаќања преку e-banking, m-banking и телефонско банкарство. Достапно само за физички лица.
• Верзија од m-banking апликацијата е изработена и активирана и за Windows mobile уреди и
• Стопанска банка е прва и единствена која во Македонија го воведе 3D Secure стандардот со кој Visa & MasterCard картичките издадени од банката од Февруари 2014 ќе бидат овозможени за безбедни интернет плаќања насекаде во светот.

Пораката која Стопанска банка ја испраќа до пазарот денеска, е дека продолжува да биде лидер, иноватор и најдинамична Банка која не само што ги разбира туку и успева во рана фаза да ги открие потребите на клиентите со цел навремено да ги направи потребните инвестиции и промени во својот бизнис модел и постојано да биде чекор понапред во банкарскиот сектор.“, изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка.

Со своето прилагодено работно време i-bank store ќе биде отворен за клиентите од 10 до 20 часот со цел да ги приближи, презентира и понуди пред се i-bank алтернативните канали e-banking, m-banking, телефонско и банкарство преку АТМ. Дополнително, просторот нуди место за релаксација, дружење и интеракција на сосема друго ниво со нашите сегашни и идни клиенти, но и простор за поголема синергија со окружувањето во кое Банката дејствува.

Со i-bank store официјално започнува и прославата на 70 годишнината на Банката која ќе биде одбележана со повеќе вакви настани и промоции.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …